Петар Печков
Објавено: петок, 24 јуни 2016
Во четвртокот вечер година околу 20.10 часот на Магистралниот пат А1 кај село Градец, на делницата од Демир Капија до Удово, се случила сообраќајна незгода помеѓу четири автомобили.
Според МВР во сообраќајката учестувале „Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(39) од Неготино, автомобил „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (29) од Гевгелија, автомобил „Рено Клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Л. (34) од Градско и автомобил „Ауди А3“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од П.И. (35) од Р.Грција, со престојувалилште во Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците во возилата: Т.Ц., Т.С и италијанската државјанка М.К.П., на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес и им биле констатирани телесни повреди, по што биле пуштени на домашно лекување. Сообраќајот бил во прекин од 20.40 до 23.00 часот.
Tweet |