Петар Печков
Објавено: сабота, 06 октомври 2018
Во петокот напладне 5 октомври во 12.30 часот на автопатот Скопје - Велес, кај наплатна рампа Сопот се случила сообраќајка, во која едно лице починало а едно е тешко повредено.
Околу 13ќ. во Општа Болница Велес на трауматологија, донесени се две лица, од кое едното веќе било починато. На второто лице му е укажана неопходната здравствена нега и помош, завршени се претраги и се наоѓа на одделение - рече портпаролот Марина Андова. Од МВР информираа дека починатиот и повредениот се жители на Облешево.
К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел. Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес - пишува во соопштението на МВР.
Tweet |