Петар Печков
Објавено: сабота, 23 август 2014
На патеката Стар мост во Велес се одржа Oтвореното првенство на Македонија во кајак и кану „Велес - 2014” .
Во дисциплината К-1 (Мажи), првото место го освои Љубомир Спасиќ (ККК „Гемиџии” Велес), пред Борче Мирчевски (КК „Бабуна” Велес), додека третопласиран беше Атанас Николовски (КК „Илинден ‘90” Скопје).
Во дисциплината Ц-1 (Мажи), првото место го освои Александар Дамјанов (КК „Бабуна” Велес), а втор патеката ја заврши Александар Златаров (КК „Илинден ‘90” Скопје).
На Отвореното првенство во Македонија „Велес - 2014“, учествуваа 40-тина натпреварувачи. А организатор беше Кајак клубот „Бабуна” од Велес.
Tweet |