Петар Печков
Објавено: сабота, 27 декември 2014
За спортист на Велес за 2014 година беше прогласен 27 годишниот Љубомир Спасиќ,член на Кајак Кану Клубот „Гемиџии“ 903 та. Ова е изборот на Сојузот на спортови на Велес. Меѓу десетте најдобро пласирани сениори на Велес за 2014 втор е кошаркарот Петар Виларов, а трет Ристе Ајдаров атлетичарот на АК Изгрев. Понатаму меѓу десетте се и ракометарот .Зоран Стојановски, велосипедистот.Драган Цветков МВК Велес, атлетичарот Трајче Михов АК Велес, фудбалерите, Ристе Крстев ФК Превалец, и Влатко Нанов ФК Борец, мотористот Драган Ванов Мото Клуб Велес а десетото емсто го поделија планинарот Тодорче Ѓоргиев и кајакарот Борче Мирчевски од КК Бабуна.
Во екипи сениори на Велес, екипа на годината е Младинскиот велосипедски клуб Велес, втора кошаркарскиот клуб „Борец Баскет, трета е екипата на Кајакарскиот кану клуб „Вардар“.
Кај јуниорите немаше категоризација, а беа прогласени за 15 најдобри млади спортисти на Велес. Тоа се фудбалерот на „Борец“ Александар Тодоровски, Маја Војдиновска и Јован Васиќ каратисти на „Гладијатот“ , Кире Брчков и Јордан Камишев кошаркари на „Борец Баскет“, Александар Саздовски ракометар на ГРК Борец, Александар Нанов ракометар на РК Бисинов-Вардар. Кајакарот Енис Небиовски член на КК „Вардар“, Ангела Чејкова и Јованче Џоневски стрелци, Виктор Ванчевски велосипедист на МВК-Велес, Симона Џоневска обојкарка на „Борец Брако“, Бојан Нацев борач на РК Борец,Тоше Петрушевски спортски риболов и Ѓоре Ѓорѓиев фудбалер на Борец.
Екипа на годината за Велес за 2014 во млади категории е Стрелачкиот клуб Велес, пред МВК Велес и Боречкиот клуб Борец.
На манифестацијата за најуспешен тренер со млади беше прогласен Јован Андовски од стрелачкиот клуб Велес, награда за животно дело прими Борис Алчев во младоста кајакари активен во спортот и донатор за спортот. Јовица Горгиевиќ-Чича кој го формира железничарското спортско друштво „Железничар“ во борење,а кое потоа е преименувани во „Борец“.Награда прими и спортскиот лекар Никола Нацев.За спортски известувач признание доби Лазар Лазарвски.
За голем љубител во спортот награда доби Панче Ќурчиев Пампикот, а постхумно Костадин Ристов-Фиќо.За манифстација на годината признание доби „Отвореното првенство на Македонија во кајак“ во организација на КК „Бабуна“ од Велес.За најдобро училиште во рамките на училишниот спорт за 2014 година е прогласено ООУ „Васил Главинов“ , а за најуспешен спортски педагог е избрана Весна Николова ментор на екипите учеснички на државните првенства.
Манифестацијата се одржа по 55 пат, а вчеравечер на Бордот Панини.
Tweet |