Петар Печков
Објавено: петок, 26 април 2013
На Меѓународниот фолклорен фестивал кој изминатите денови се одржа во Ада пазар Турција најмладите игроорци од Фолклорното друштво Керамичар се вратија со сребрен медал за освоено второ место. Во конкуренција на 8 земји, велешани беа втори зад Молдавија и пред Бугарија.
Тие со својата кореографија, музиката, ората и песните кои ги прикажаа го освоија жирито за што добија вредно признание. Се оценувале музиката, ритамот на играње, поставеност на сцената и однесување на игроорците.
Tweet |