Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 февруари 2015
Старата театарска зграда на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, Владата и ја додели на Општина Велес. Оваа одлука е објавена во Службен весник и објектот преминува во трајна сопственост на локалната власт. Градоначалникот со две идеи, како да се искористи просторот
Доколку објектот е во добра состојба,функционален, може да се искористи и намени за Дневен центар за лица со посебни потреби. Дополнително, за овој простор Општина Велес има изработено ДУП со кој се предвидува изградба на станбено деловен објект приземје и двокатница - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Објектот кој се наоѓа на улица Илинденска, близу Автобуската станица располага со околу 700 м² корисна површина и близу 800 м² дворно место според проценки на надлежните вреди околу 200 илјади евра. Изминатите години на Општина Велес и беа доделени во сопственост уште неколку други капитални објекти, со што вредоста на имотот кој го поседува локалната самоуправа неколкукратно се зголеми.
Tweet |