Петар Печков
Објавено: сабота, 12 август 2017
Најстарата фотографија претставена на фото изложбата датира од 1869 година а има се до 70 те години на 20 век. Низ стотината фотографии изложени во Ликовниот салон проследен е развојот на Велес прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата.
Автори на изложбата се Павлина Василева (сега пензионер) и Марин Клифов, виши кустоси историчари во Локалната установа Народен Музеј на град Велес. Тие една година работеле на собирање на фотографиите за истите да бидат пред очите на јавноста, некои и за прв пат по многу години.
Преку сликите јасно се гледа убавината на стариот град. Изложбата е можност старите да се потсетат, а младите да го видат стариот Велес. Изложбата на фотографии од стар Велес беше поставена 2011-та но поради големиот интерес низ годините, таа летово повторно е пред велешани.
Има околу стотина фотографии. Ликовниот салон е отворен од 9 до 13ч. секој работен ден. Оваа изложба беше претставена и во Кочани, Кавадарци и Скопје како и во Врање –Србија, Клуч БиХ и Шибеник Хрватска. Ќе биде отворена за посетители до средината на септември.
Благодарност до Народен музеј Велес во чија сопственост се и со чија дозвола се објавени фотографиите
Tweet |