речник контакт

Стачајци ги добија решенијата за паричен надомест

Повеќето се поранешни вработени од Лозар, помалку од Порцеланка и Македонски железници. Ова се првите решенија по новиот Закон за материјално обештетување

Петар Печков

Врз основа на Законот за материјално обезбедување, првите  решенија за паричен надомест ги  добија стечајни работници и лица технолошки вишок.  Тие ќе добиваат по 7,1 илјади денари месечно надомест, до пензија и платено здравствено осигурување. Првите пари ќе ги добијат по 20  април.

Ова се првични позитивни решенија за 70- тина лица. Ова не е конечна бројка. Тие ги исполнија петте услови кои Законот ги бара. Продолжуваме со работа на останатите поднесени барања и како тие ќе бидат разгледувани, така ќе им бидат врачувани – рече раководителката на ПЕ на Агенцијата за Вработување Валентина Костенова. 

Од 70-тите присутни лица повеќето беа некогашни вработени во АД Лозар, дел  од Порцеланка и помалку од Македонки железници. Имаше и еден некогашен вработен во Македонска радио-телевизија. 

Условите за добивање на материјален надомест, беа фирмата да биде  во доминантна  државна сопственост, работниот однос да престанал најдоцна до 2103, да има 25 години стаж, да е корисник на паричен надомест после 7-ми април 2000-тата година, основот на престанок на работниот однос  да е  стечај, ликвација или технолошки вишок.

Во Велес во рокот има поднесено околу илјада барања за фирмите од Велес, Градско и Чашка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »