речник контакт

Страшна смрт за минувач по автопат

Демир Паповски бил повеќе кратно изгазен од повеќе автомобили, откако го преминувал автопатот Градско – Велес.Сторителот во бегство

Петар Печков

 Страшна сообраќајка се случи во неделата вечер  во 21,10  часот на автопатот Градско – Велес, на стотина метри по наплатната рампа. Во неа смртно настрада  Демир Паповски ( 51 год) кој живее во Велес а е родум од Прилеп. Според СВР  тој е удрен од непознато возило, на неосветлениот дел од автопатот а се претпоставува дека откако паднал на автопатот преку него минале десетина други возила. Тој преминувал преку автопатот, откако купил цигари во блиската Бензиска пумпа.

Кога дошла  лекарската екипа на Брзата помош да интервенира, можела да констатира смрт но и  како делови од телот на Паповски се прегазени и расфрлани по коловозот.  СВР Велес , истражен судија и обвинител работат на расчитување на случајот и пронаоѓање на шоферот кој го удри Паповски. Тој работел како овчар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »