речник контакт

Струмичанец го продал автомобилот на велешанец па му го украл

Лековерен велшанец С.А. останал и без автомобил и без пари.

Петар Печков

Струмичанецот И.М. (38) го продал својот автомобил, па потоа го украл од новиот сопственик, соопшти МВР. Полицијата против И.М. поднела кривична пријава за измама. Осомничениот во декември лани склучил устен договор со С.А. од Велес за продажба на својот автомобил „ауди“. Велешанецот му платил 600 евра, а преостанатиот износ се договориле да му биде исплатен на рати, по што С.А. со возилото заминал во Велес.

Струмичанецот во јануари годинава дошол во домот на С.А. и побарал да му го позајми автомобилот ветувајќи му дека ќе го врати за неколку часа. Но ни по неколку часа, ниту денови струмичанецот не се вратил со аудито, по што велешанецот го пријавил случајот во полиција. Таа го откри И.М. и му поднесе кривична пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »