Петар Печков
Објавено: вторник, 01 април 2014
Четвртото судење за убиството на Лазо Милошевски од велешкото село Ореше никако да започне во Основниот суд во Велес. Во новиот обид тоа не стартуваше откако се побара спојување на двете дела, каде како обвинет се споменува името на Петревски. .
Пред овој ист суд во Велес се води постапка за друго кривично дело за ист обвинет, со исти сведоци затоа потребно е тие да се спојат во една заедничка постапка – побара пред почетокот на судењето адвокатот Коста Нојков бранител на Ѓоре Петревски.
Освен за убиството каде е обвинет како нарачател, на Петревски во судот во Велес му се суди и за кривичното дело ,,тешки дела по безбедноста на луѓето,, поради тоа што тој порачал да се запали амбулантата и продавницата во селото Ореше. Таму како извршител се јавува друго обвинет, додека еден од сведоците и во двата предмети е Златко Арсовски познат како Бреза од случајот убиството во Ореше.
Судењето за запалената амбуланта во Ореше никако да започне, ниту по една година од првото рочиште. Се некој фали и не доаѓа на судењето, поради што неговиот почеток само се одлага. По барањето на Нојков за спојување на двете дела, судијката Милева најави дека по него ќе решава Кривичниот совет при Основниот суд во Велес.
За Ацо Милошевски синот на убиениот Лазо ова е само одолговлекување на процесот. Според обвинението Ордан и Љупчо Георгиевски го убиле Лазо Милошевски (71 год) на 2-ри декември 2005-тата година околу 20.40 часот.
Обвинителството смета дека убиството било извршено по нарачка на орешанецот Ѓоре Петровски кој од 1997-ма живееше на Флорида во САД заради одмазда. Тој за 20 илјади долари побарал од браќата Георгиевски да го убијат Милошевски, бидејќи во 1995-та Петровски бил застрелан во глава, но преживеал а тој сметал дека на него, на железничката станица Орешка чука, пукал Милошевски. За овој предмет браќата Ѓоргиевски во два наврати добија по 12 години затвор, но и во двата случаи Апелација го враќаше предметот на повторно судење.
Во третиот случај, откако првообвинетиот нарачателот Петровски беше донесен во Македонија, сите тројца добија ослободителна пресуда. Но и таа Апелација ја врати на ново судење, поради ,,неразбирливоста и противречната ослободителна пресуда,,.
Tweet |