Петар Печков
Објавено: петок, 15 јули 2016
Татко ја обљубил малолетната ќерка, ова е инцидент кој го потресе Велес. Сторителот е веќе во притвор. Во интерес на заштита на идентитетот на девојчето, надлежните не даваат никакви информации. Од СВР Велес препратија до надлежното обвинителство. Од таму во писмениот одговор пишува:
,,Предметот е во Основното јавно обвинителство Велес и по истиот се постапува. Против едно лице се води постапка за кривично дело Обљуба со злоупотеба на положбата. По поднесен предлог на надлежен обвинител , судот изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Истражната постапка е во тек,,.
Информациите кои нема да наштетат на истрагата се дека настанот се случил на почетокот од месецов, во едно велешко село, каде семејството имало имот и куќа. Таткото кој имал 40-тина години ја обљубил 14 годишната ќерка, ученичка во основно училиште. Таа следниот ден настанот го раскажала на мајката, која го пријавила во полиција.
Дојде полиција го собра комшијата, го однесоа со кола и од тогаш го немаме видено. Сешто се зборува, што е висина не знаеме. Мајката и децата по ова не се веќе во домот, не сме ги виделе две седмици – велат соседите. Фамилијата живее во новиот дел на Велес.
Tweet |