речник контакт

Таткото нема да одговара за сообраќајката во која почина неговата ќерка

Автомобилот излета кај мостот близу село Отовица

Петар Печков

Обвинителството нема да го гони Петре Михајловски (56 год) кој стори сообраќајка во која почина неговата ќерка.  Сообраќајната незгода  се случи на 20 декември минатата  година кога автомобилот марка ,,ситроен,,  излета од  автопат Велес- Скопје, кај мостот на Отовица.

Основното јавно обвинителство - Велес оформи предмет против едно лице и по истиот донесе Решение согласно чл.44 од ЗКП дека не се презема кривично гонење против именуваниот, бидејќи се работи за татко на покојната кого последиците од кривичното дело многу тешко го погодиле и со самото тоа судот може да го ослободи од казна а со оглед на конкретните околности во случајот оценето е дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна – одговорија на поставеното прашање од велешкото обвинителство. 

Марија Михајловска (28 год) загина во сообраќајна несреќа која се случи  близу Велес.  Таа настрада кога автомобилот кој го управувал нејзиниот татко излета  и удрил во мостот близу езеро Младост. Во сообраќајката  со повреди се здоби и нејзината мајка.  Семејството ноќта  се враќало од Битола за Скопје.   Сообраќајката се случила  околу 40 минути по полноќ,  на автопат Велес- Скопје,  на мостот кај населба Отовица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »