Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2015
Од вторник вечер до сабота ќе се одржи третиот програмски блок од Фестивал на алтернативен театар ,,Импакт,,. ќе бидат прикажани пет претстави и четири костимски перформанси . Во овој финален блок има гостување, за прв пат во Македонија на дел од учесниците на Квадриеналето во Прага, значаен настан во театарскиот свет.
Имаме костимски презентации од четири автори, од четири земји., од Бугарија, Либан, од Данска и Ирска. Овие перформанси на Прашкото Квадринале се нарекуваат племиња. Авторите, во четири наврти ќе прикажат нивни проекти, по улиците на Велес, исто како што беше во Прага. Тие сами ќе одлучат каде ќе се случуваат настаните, на јавен простор кој нив им одговара. Ќе имаат маршрута по улиците низ градот и ќе се обидат да го пренесат нивниот концепт на случајните минувачи. Така се остварува комуникација со публиката, која е спонтана и без договор. Пристапот и реакцијата на публиката е поинакво - најави директорот ан фестивалот Александар Ивановски.
Тој е многу горд и задоволен , што македонската и велешка публика за прв пат ќе види дел од учесниците на престижното Квадринале во Прага-Чешка. Предвидени се т.н. племиња ,,Некои,, на Лили Џагарова од Бугарија, ,,Пластиг,, на Ханс Хардианг од Либан, ,,Враќање на рајот,, од Лиса Клите од Данска и ,, Булкки,, на Емели Обијен од Ирска.
Тие се во соработка со волонтери од Велес кои ќе ги носат костимите на авторите. Авторите посочиле дека дел од нивите презентации ќе сед случат на Градскиот пазар, на Автобуска, во Центарот на градот.. Во театарскиот дел ќе бидат прикажани пет претстави, по една од Романија и Велика Британија и три од Македонија, секоја вечер по една, сите со почеток во 20ч.а цената на влезниците е 100 денари
На програмата се следните претстави ,,Ајде да имаме секс,, на Теа Беговска која ќе се одржи во клуб Тарантино, за среда е ,,Со љубовта шега нема,, на Интимен театар од Скопје на мала сцена во театар, в четврток е најголемиот проектна овој фестивал е претставата ,,Бакхи,, на театарот од Тони Буландра од Романија, во петок е претставата ,,Љубов,,на Петар Милошески од Велика Британија и за в сабота е премиерата на претставата на велешки театар,,Класен непријател,, - вели авторот на фестивалот Ивановски.
Фестивалот ,,Импакт,, е финансиски поддржан од Европските фондови, од Германската фондација ,,Алијанс,,, и годинава за прв пат од Министерството за култура, како и технички помогнат од велешкиот театар, каде ќе се одржуваат дел претставите. Во првиот дел на Фестивалот Импакт се одржаа работилници, во вториот две претстави од која една беше гостување на Словенско Младинско гледалиште.
Tweet |