речник контакт

Тепачка во дворот на Хемиска, со ножеви и боксирачи, еден повреден

Во тепачката учествувале 12-тина лица, повеќето ученици

Петар Печков

Денес, петок напладне околу 13 часот во кругот на Средното хемиско училиште во Велес се случила тепачка во која учествувале  12   повеќето помлади лица. Според СВР Велес која се уште го истражува случајот дошло до  нарушување на  јавниот ред и мир  помеѓу 10-тина ученици од средното хемиско училиште Димитрие Чуповски и УСО Коле Неделковски, како и две лица од Скопје. 

Во тепачката се користени метален боксирач и ножови, а едно од лицата е рането. Според  информациите од ЈЗУ Општа Болница Велес кај нив е донесен 18 годишен А.Х. од Горно Оризари., кој бил прободен во дланката од левата рака.   Според полицијата мотивот за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање. СВР Велес работи на целосно откривање и документирање на случајот, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сведоци на тепачката и апсењата биле бројните гости од кафетириите во соседството.  Гласот за инцидентот бргу се рашири низ Велес, со дилема кој се учесниците и причините  за тепачката

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »