Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2013
Чекајќи да се разреши сообраќајката меѓу автобусот во кој патувал и такси, патник од Кочани тешко е повреден откако го закачил товарен воз.
Оваа несекојдневна несреќа се случи вечерва околу 19 часот на пругата Велес – Гевгелија, во близина на манастирот Св. Димитрија. Сведоците објаснуваат дека момчето М.Т. (21 год) од Кочани паувало со автобус Атом кој имал сообраќајка со велешко тико. И додека полицијата вршела увид на местото на незгодата, на момчето му се одело во ВЦ.
Заминал во темнината покрај пругата, не очекувајќи дека тука набргу ќе мине воз. Товарната композиција од Гевгелија минала а во темнината и не го приметиле момчето, ниту почувствувале удар на возот во некого. Но нешто го натерало машиновозачот да застане и го видел момчето како се тетерави додека одел по пругата.
Тоа најверојатно од брзината на возот било фрлено на земја. Среќна околност била што овој воз тука подзастанал оти има блиска црква .Св. Петка па машиновозачите секогаш се крстеле додека минувале, па така несреќата дошла кога возот не бил брз. Втор среќен момент за момчето е што возот застанал, оти ако продолжел а момечто неконтролирано и повредено во глава се дивижело по пруга, за неколку минути доаѓал друг патничики воз од Гевгелија, и тогаш можела да се случи трагедија.
М.Т. веднаш со амбулантно возило на Брзата помош е пренесено во велешката Болница, од таму поради тежината на повредите на главата и скршеници на раката веднаш е префрлено на Клинички во Скопје во тешка здравствена состојба, инфорамира од Општата Болница во Велес. Полицијата и екипи од Македонски железници прават увид на местото на несреќата.
Tweet |