Петар Печков
Објавено: вторник, 17 мај 2011
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија СДСМ имаат единствен став дека не треба да се дозволи рестартирање на велешката топилница, која со години беше главна причина за загадување на градот. Тоа е заедничка нитка на двете најголеми пaртии, која како идентичен став ја имат и останатите кои атакуваат со прaтенички листи во ИЕ 3. СДСМ најавува чистење на почвата, додека ВМРО-ДПМНЕ дислокација на ридот со згура.
Во програмите на политичките партии за Велес сите акцент ставаат на економијата, но имаат свој адуит кои ги разликуваат од останатите. ВМРО-ДПМНЕ најавува проширување на ХС Лисиче за наводнување на површините преку реката Вардар во регионот околу езерото Младост. СДСМ ветува гасификација. ЛДП оживување и вработување преку старите занаети со формирање занаетчиска улица, ВМРО НП инвестирање со помош на јавно-приватно партнерство, Обединети за Македонија заживување на двете економски зони во општината.
Албанските партии ДУИ и ДПА, кои во тројката атакуваат на неколку илјади гласачи од околината на велешко ветуваат конечно решавање на инфраструктурата во повеќе села а главна е изградбата на патот до селата Горно и Долно Јаболчиште.
Tweet |