речник контакт

Тренерот Михајлов задоволен од постигнатото во есенската фудбалска сезона

ФК Борец првата полуетапа од Првата лига ја заврши на осмото место

Петар Печков

Заврши есенската етапа од Првата фудбалска лига. Повратникот во ова друштво, велешки ФКБорец се најде на 8-то место од 10 екипи, со 20 бодови. Забележа пет победи, исто толку реми и осум порази. Во последното коло се врати од Струга со првиот бод од гостувањата а како домаќин нема забележено пораз на Градски. 

ФК Борец 1919 е најнеефикасен тим во Првата лига со само 14 постигнати гола на 18 натпревари.  Од нив осум се на хрватскиот интернационалец Никола Прелчец и со тоа, тој е на второто место на листата на стрелците во најквалитетното македонско фудбалско друштво. Разликата во бодови со соседите на табелата е еден повеќе од деветто пласираната ФК Ренова и пет плус од последниот ФК Работнички, а два помалку од седмо пласираниот ФК Шкупи.  Тренерот на велешкиот прволигаш, Горазд Михајлов задоволен од постиганото есенва. 

Борец после 20 години се врати во елитата и некој да ми понудеше 20 бодови пред почетокот на сезоната, со две раце ќе ги прифатев. Значи дека задоволни сме од полусезоната и со уште поголеми мотиви ќе продолжиме во пролетниот дел - кажа Михајлов. 

Од клубот  на ФБ страницата најавуваат  ,,сериозна анализа на сработеното, квалитетни 4-5 засилувања на полусезона, добри подготовки и храбра борба за опстанок,,. Првенството продолжува во средината на февруари, на 16-ти. 

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »