Петар Печков
Објавено: вторник, 22 февруари 2022
Трет ден по ред во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи со квоид-19. Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека има 39 нови случаи со ковид-19 и 48 оздравени. Бројот на активни случаи во велешко падна на 247 лица.
Во велешка Болница починало едно лице, маж на 82 годишна возраст од Чашка , со коморбидитети и со ковид пневмонија. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 308 лица.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 33 пациенти двајца помалку од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 15, на Интерно петмина и на Физикално 13 пациенти. Потврдено позитивни се 26, непотврдени се тројца и негативни се 11 но со потреба од болничка нега.
„Испишани се тројца пациенти со еден негативен тест, ново примен е еден, четворица се трансферирани од Интерно во Физикално одделение. На кислородна поддршка се 14лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |