Петар Печков
Објавено: петок, 29 септември 2023
Три млади девојки од Велес, членки на „Тимот AND“ се победнички на конкурсот за најдобра туристичка идеа. Тие заедно со други пет тима, учествуваа во две неделната работа, за идеа за развој на туризмот. Трите членки на тимот се Ангела Колева, Дона Жарова и Наталија Стојановска.
„Младите од Вардарскиот регион поделени во шест тимови развиваа иновативни бизнис решенија за развој на туристичкиот сектор. „Тимот AND“ на младите велешанки беше избран за најдобар за нивната бизнис идеја, која нуди онлајн платформа за уникатни туристички доживувања“ - соопштија од Вардарскиот плански регион.
Нивната идеја, девојките ќе ја презентираат пред Советот на девет градоначалници за развој на Вардарски плански регион. Работата се одвиваше во ново отворениот простор на Вардар - иновацискиот хаб.
фото Марко Колев /ФБ
Tweet |