Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 октомври 2012
Туристичкиот павилјон Стоби, лоциран на влезот од истоимениот локалитет цело лето во текот на сезоната беше руиниран и искршен, грда слика за гостите. Иако пред две години беше најавено дека ќе започне санација, ништо од неа . Причина за рушењето е што објектот почна да попушта и тоне а ѕидовите напукнуваат, па тој е небезбеден за посетителите.
Така гостите кои го посетуваат археолошкиот локалитет, нема каде да се одморат по долгата прошетка. Пукнатините на фасадата и утврденото мало потонување на објектот го затворија туристичкиот павилјон на влезот во Стоби. Павилјонот сега е затворен за посетителите. Иако надлежните најавува дека реконструкцијата ќе почне летото пред две годни, ни по 24 месеци тоа не се случи. Напротив објектот е запустен и руиниран.
Туристичкиот павилјон, изграден во 2004-тата, беше даден на концесија на неготинчанец, кој тука продаваше сувенири, копии на археолошки предмети пронајдени во македонските локалитети, имаше винарија и ресторан, но тој го напушти и остави на сопственикот, Републичкиот завод за заштита на спомениците. Познавачите објаснуваат дека темелите на зградата почнале да тонат, па таа сега се руши и претставува опасност по гостите, по што корисникот си заминал и е неупотреблив.
Сега посетителите кои ќе го разгледаат локалитетот Стоби немаат можност каде да здивнат и одморат, и остават девизи и некое евро. Со павилјонот и целиот археолошки локалитет управува Јавната установа „Археолошки локалитет - Стоби“. Павилјонот беше изграден со донација од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД во висина од 7,6 милиони денари, изведувач беше Бабуна градба од Велес а проектант беше ДСЦ Дизајн од Скопје.
Tweet |