Петар Печков
Објавено: среда, 17 август 2022
По полноќ, во приколка од трактор, кај жител на Чашка пронајдени се дрва кои биле без жиг и документација.
„На 17 август полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода З.Н (49) од Чашка, поради сторено кривично дело по член 235 став 3 „кражба на дрва“. Во 01.20 часот била извршена контрола во неговиот трактор со велешки регистарски ознаки, кој го управувал, при што во неговата приколка биле пронајдени и одземени дрва без соодветен жиг и документација“- соопштија од МВР.
Лицето е приведено во полициската станица во Велес и P. Не е прецизирано колкава количина дрво нелегално набавена, пренесувал чашкарецот.
фото архива
Tweet |