Петар Печков
Објавено: вторник, 14 ноември 2023
Велешката полиција информира за апсења на две лица од Велес, поради поседување на марихуана , нои и дигитална вага. Двата настани не се меѓусебно поврзани а се случиле вчера, понеделник, но во различен временски период.
„На 13 ноември во 10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Ш.(43 год ) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Истиот ден во 15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Ѓ.(43 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.“ - соопштија од СВР Велес.
Лицето биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |