Петар Печков
Објавено: среда, 17 јули 2013
Од велешкиот Народен музеј украдени артефакти, монети и белегзии. Според полицијата кражба се случила во период од изминатите две седмици кога засега непознат сторител извршил кражба од витрините на музејот.
Во непознат термин украдени се две сребрени монети – Тетрадрахма од времето на Александар Македонски, а од работното биро одземеа е една сребрена филигранска белегзија. Проценетата вредност на трите предмети е околу 30 илјади денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и начинот на кој ги украл старите предмети. Ќе го открие ли крадецот видео надзорот од Музејот.
Tweet |