Петар Печков
Објавено: недела, 15 јули 2018
Ноќта петокот кон саботата, туристи од Украина, кои заминувале кон Грција биле опљачкани, додека спиеле. Сторителите непознати, познато што се им е украдено. МВР со повеќе информации.
На 14.07.2018 година во 09,00 часот во Полициска станица Велес, Р.Л.(38) од Украина пријавил дека ноќта околу 3 ч. на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одмарал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта во која имало две патни исправи, неколку платежни картици, 1,500 евра и други документи- соопштија од МВР.
Најавуваат дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Tweet |