речник контакт

Упасени тројца велешани, дел од група од седум лица, кои криумичареле мигранти од Гевгелија за Србија

Групата извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист – соопштија од МВР

Петар Печков

Во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“,  денес, вторник 10 септември, била спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти.

Криминалистичката истрага се спроведувала од септември 2023 година до јуни 2024 година над организирана седумчлена криминална група, која делувала на тeриторија на Република Северна Македонија.

„Организаторот на криминалната група В.С. (39 год) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28 год) од Злетово, Г.А. (52 год) од Пробиштип, В.Д. (50 год) од Р.Србија, Д.Л. (46 год) од Велес, И.Л. (23 год) од Велес и С.П. (29 год) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Северна Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист“ –  соопштија од МВР.

Против  овие седум лица МВР понбесе кривични пријави до ОЈО за организиран криминал.

„Организаторот на криминалната група, В.С. со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ“ – додаваат од МВР.

Оваа организирана криминална група за време на нејзиното делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси биле извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес.

„Лишени од слобода се пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“. При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон. Поднесени се кривични пријави против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ.Пријавениот В.Д. од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ“ – информираа од МВР.

„Со помош на водичи т.н. “качаци“, мигрантите координирано биле водени на претходно утврдени и договорени локации, од каде „качаците“ им ја испраќале локацијата на организаторите. Првоосомничениот ги известувал останатите припадници на групата и им давал задачи за обезбедување на товарни возила и изработување на импровизирани бункери во нив за прифаќање и превезување на мигрантите, а на седмоосомничениот припадник на групата му давал задача да ги прими и подигне паричните средства исплатени за успешно извршеното криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.Северна Македонија. Откако илегалните мигранти биле превезени до претходно договорените локации, првоосомничениот во договор со организаторот Н.Н лице од Република Србија го организирал понатамошно прифаќање и криумчарење од Р.Северна Македонија во Р.Србија“ -соопштија од ОЈО за организиран криминал.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »