Петар Печков
Објавено: среда, 05 мај 2010
Според д-р Пандели Божиков, раководител на Службата за вакцинација на школски деца и студенти и прим. Д-р Петре Крстев, раководител на Детската превентивна здравствена заштита.
Тие посочија дека во Школската амбуланта и на теренот во Велес и Велешко изминатата недела биле вакцинирани вкупно 142 деца и млади од 7 до 18 години и 12 деца од предучилишна возраст. Најголем дел од нив примиле вакцина МРП како заштита од морбили, рубеола и паротит.
Тоа се во главно деца што не посетуваат настава и кои досега не биле опфатени со редовните вакцинации - вели Д-р Божиков. Најголем дел од ново вакцинираните деца живееле во ромските населби Потокот и Рамина во Велес, како и во велешките села Бузалково, Сливник и Врановци каде има албанско население.
Двете служби и покрај тоа што заврши Европската недела за имунизација, ги повикуваат родителите на невакцинираните деца и млади до 18 години да дојдат во нивните служби и ги донесат нивните деца за да примат вакцина која е бесплатна и со тоа го заштитат нивното здравје.
Tweet |