Петар Печков
Објавено: четврток, 29 декември 2016
Наставата во првото полугодие од учебната 2016/17-та завршува в петок. За учениците петокот е последниот училиштен ден во првото полугодие од 2016/2017 година.
Основците и средношколците ќе бидат на зимски распуст до 17-ти јануари и во клупите ќе се вратат на 18-ти јануари 2017 година. Таман ќе учат еден ден, веќе на 19-ти ќе одмараат – Водици и на 20-ти повторно на школо.
Од Министерството за образование појаснуваат зошто вака скратен зимски распуст. ,,Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден,,
Tweet |