Петар Печков
Објавено: сабота, 27 април 2013
Цигал Алмин, Кицара Аделиса и Шатара Алдина сите ученици во четврто одделение од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари добија златен, сребрен и бронзен медал на Меѓународниот конкурс за компјутерски цртеж и колаж „Творештво без граници”, организиран од Училиштето за компјутери ,,Вале, при Образовното народно читалиште Зарја од градот Хасково Бугарија. Наградите се освоени во конкуренција на компјутерски цртежи.
Горди сме што сме единствени претставници и добитници на награди од нашата земја и што ќе го претставуваме нашето училиште, општината и Македонија покрај други учесници од целиот свет. Учениците се радуваат на наградите и поканата за присуство – вели Лиле Арсова менторка на учениците учесници.
Тие добија награди во конкуренција на 745 цртежи од 275 учесници, 103 колажи од 96 учесници и 73 творби од странство. Право на учество на учесниците беше возраст од 5 до 27 години и наградувањето е во 7 старосни групи и техники- компјутерски колаж или комјутерски цртеж. Учениците и менторот се поканети на свеченото отварање и доделување на наградите во Хасково на 8 ми мај. Изложбата ке биде отворена за посетители од 8 до 12 мај во Хасково.
Наградени се:
ЗА ПО УБАВ И ПОСРЕЌЕН СВЕТ”
Цигал Алмин-10год. – ЗЛАТЕН МЕДАЛ
„ЗАЧУВАJ НЕ УНИШТУВАJ”
Кицара Аделиса-10год– СРЕБРЕН МЕДАЛ
ЧУВАJ JA ПРИРОДАТА”
Шатара Алдина-10г– БРОНЗЕН МЕДАЛ
Tweet |