речник контакт

Ученичките од ОУ Васил Главинов најдобри дебатери во Велес

Завршница на проектот,,Млади информирани, млади активирани, младите можат

Петар Печков

 Екипата на дебатери од ОУ Васиул Главинов победи на  дебатата која беше завршница од  проектот ,,Млади информирани, млади активирани, младите можат,,. Таа беше   организирана од невладините организации ,,Хера,, ,,Излез,,  и ,Цит,, од Велес.  

Победничкиот тим беше од учениучки од деветто одделенките од ова училиште, Бојана Василковска, Ана Славевска, Даниела Николовска. Тие во финалето го победија тимот од ОУ Јордан Хаџи Констатнинов Џинот.  Тема во финалето беше ,,Технологијата прави повеќе штета, отколку добро на општеството,,. Победничкиот тим го застапуваше позитивистичкиот став. 

Проектот  траеше неколку месеци.  Во средби и разговори со младите детектиравме дека тие  не се информирани и затоа организиравме информативни сесии и дебати по основните училишта. Имаше  предавања  во кои беа вклучени 50-тина ученици.  Темите беа за невладини организации, младински активизам  - вели  Емилија Мурџева, дел од проектот.

 Потоа биле создадени  тимови од по три ученици, кои учествувале во натпреварување,  од ОУ  Благој Кирков,  ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, ОУ Васил Главинов и ОУ Блаже Конески.

Во саботата пак во Скопје се одржала средба на тимови од неколку градови во Македонија, каде победил тимот  ,,МКЦ  Дониа,, од Велес, кој  дебатирал од потребата за  Културно информативен Центар во Велес, додека второт место го освоил ,,тим Дебата,, исто така од Велес, кој говорел од потребата од дебата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »