речник контакт

ФК Борец 1919 поведе преку пенал во 12 секунда (видео)

Футсал тимот на Велес чека победа на службана маса, Илинден Башино село освојувач на општинскиот фудбалски куп

Петар Печков

Во 22-то коло од Првата футсал лига при резултат од  6:0, беше прекинат  натпреварот помеѓу Хедис и Велес, игран во салата  Гемиџии.  Откако гостите кои допатуваа во Велс со петмина фудбалери, , останаа на терен со тројца кои се повредија, судиите го прекинаа во 30-тата минута при резултат 6:0 за велешани.  Натпреварот ќе добие завршница на зелена маса на ФФМ.   Следното 23-то коло КМФ Велес  гостува на екипата на Чико, која е трета со 27 бода и сериозен противник, вистински тест на можностите  за КМФ Велес, пред големото дерби со Шкупи на 20 мај. 

Фудбалерите на Борец со високи 9:0 го совладаа тимот на Младост од Удово, кој пролетва имаше одлична победничка серија.  Ај што велешани победија со висок резултат, туку  тие поведоа со пенал кој беше направен во 12-та секунда.    Ударот од 11 метри во 50-та секунда  успешно го реализираше Милан Чичевски и ја отвори гол серијата за домаќините.  Така Борец 1919 остана на второто место во Трета лига Југ а во следното коло оди во Росоман на истоимената екипа,  последно пласираната  на табелата.   

 

Во Валандово се играше дербито помеѓу трето пласираниот Превалец  и четврто пласираната Победа, која победи тесно со 1:0. Ова беше натпревар кој решаваше за трето место, кое води во Втора лига а по овој праз превалчани осетно ги намалија шансите за повисок ранг натпревари. Тие се четврти со сит број бодови како Победа  41, но со два натпревари повеќе.Во следното коло Превалец игра дома со  Победа Зорбас од Миравци  која е 12-та и води битка за опстанок заедно со Росоман.

Најмладиот велешки лигаш во оваа конкуренција Гемиџии загуби со 5:0 во прилепско Крушеане од Напредок, кој му беше сосед на табелата, петти. ФК Гемиџии останаа седми а следното коло се слободни.

На Градски во средата се одигра финалето на Општинскиот куп, каде во возбудлив и интересен натпревар Илинден Башино село с о  4:3 го победи тимот на Македонско  сонце.  Така тие ги продолжуваат натпреварите во зоната, каде се приклучуваат екипите на третолигашите Борец 1919, Превалец и  Гемиџии.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »