речник контакт

ФК Борец ниту со играч повеќе, дома не може да победи

ФК Борец- ФК Македонија ЃП 1:1 (1:0)

Петар Печков

Од 12 септември фудбалерите на ФК Борец немаа забележано победа. Ниту денешната шанса за радост не ја искористија. Водеа на Градски дома,  со 1:0 со голот на Ѓорѓевиќ во 36`, 15 минути од финишот имаа играч повеќе, откако гостинскиот Адем доби втор жолт па беше исклучен. Но победа и натаму нема, оти Камара во 67` израмни за ФК Македонија ЃП. 

Велешкиот прволигаш по 16 одиграни кола, се повеќе заостанува на табелата и се наоѓа на претпоследното- 11-то  место, со скормни  9 бодови.  В среда во Битола е дербито на дното, велешани играат со последниот ФК Пелистер, кој има 5 бодови. Ќе се радуваат ли конечно велешките фудбалери? 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »