речник контакт

ФК Борец со нов тренер

Одбојкарската федерација со казни за членовите на ОК Шкендија за понеделничкиот инцидент во Велес

Петар Печков

Раководството на ФК Борец  на синоќешната седница го смени тренерот Никола Карчев и постави нов, тоа е Александар Пановски.

„ФК Борец му се заблагодари и ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручен штаб Карчев Никола поради слабите резултати. Во иднина ФК Борец ќе му даде шанса на досегашниот играч Александар Пановски од Велес да ја води екипата и биде прв тренер на екипата до крајот на првенството за прв помошник ќе биде Панче Нанев од Академија Нацев“ - информираа од .ФК Борец 1919 АД.

Клубот е  последен 16 во Втората лига, со два освоени бода.

Одбојкарската федерација на Македонија соопшти за епилогот по понеделничкиот инцидент кој се случи по завршувањето ан натпреварот помеѓу ОК Борец и ОК Шкендија, при што еден полицаец беше удрен и повреден.

„ОФМ парично ги казни тренерот на Шкендија, Дурим Љума, со 30.000 денари за агресивно и неспортско однесување на членови на екипа, како и играчот Бен Талеб со 35.000 денари како иницијатор на немилите сцени по завршување на натпреварот“ - пишува во соопштението. Третиот и решавачки натпревар помеѓу двете екипи, кој решава кој ќе биде финалист се игра вечерва во Тетово, со почеток од 20,30ч и директен пренос на МРТ 3. Првиот финалист е ОК Струмица.

Надлежноста за  казнувањето на сторителот  за физичкиот напад над полицецот е на СВР Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »