речник контакт

Фени се врати на превоз на рудата со воз

Во Македонија само 4 отсто од стоката е превезува со железница дури 96% со камиони, што ги оштетува патиштата и влијае на цената на производот

Петар Печков

По пет години  пауза, од почетокот на месец април, рудата на комбинатот Фени, кој иако е во стечај, работи, се превезува со воз.  Доаѓа од Солунското пристаниште и секојдневно со неколку композиции се превезува до топилницата. Претходно рудата неколку години ја превезуваа камиони сопственост на локалното население од село Возарци и од Кавадарци. 

Дел до рудата и дел oд јагленот, повторно се превезува со возовите на македонски железници. Мислам дека ова дојде откако имаа проблем со камионџиите, па поради итноста се вратија на превозот со воз а сега им е и поефтино - рече Љубиша Ристиќ директор на МЖ  Транспорт.  Тие превезуваат и  кинеска стока, која секојдневно се дистрибуира до Западно Европските држави. 

Преку Македонија  се превезува кинеска роба од ,,Коско,, и ,,Чајна шипинг,, тоа е голем контејнерски превоз.  Едната работи преку пристанишето Пиреј, другата преку Солун и се мине преку нас - додаде Ристиќ.    Од поголемите компании тие работат  и со Макпетрол, чија нафта од Солун ја превезуваат до Скопје. 

Во Македонија со превозот на стока, само 4 отсто се превезува со железница, 96% со камиони. Оваквата диспропорција е лоша, смета вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев. 

Тоа е нешто што го нема на друго место во светот.  Превозот со камиони прави два проблеми, првиот е што  е прескап  за индустријата а вториот е што се уништуваат патишата, кој сите ние ги плаќаме  - кажа Анѓушев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »