Петар Печков
Објавено: петок, 16 мај 2014
Со нова монтажа на филмот, промени, нова верзија која за авторката е поуспешна играно- документарниот филм ,, Пресвета Богородице спаси не,, ќе биде прикажан на два натпреварувачки фестивали во Русија.
Фестивал во Чебоксар на мали земји во Чувашка автономна република во Русија а вториот фестивал е ,,Златен витез,, се одржува во Томск во Западен Сибир. Филмот на двата фестивали се бори за награда, едниот е за играни вториот е за документарни.
Ова се големи фестивали и самото учество на истите е од огромно значење. Филмот „ Пресвета Богородице Спаси не“ е во монолошка форма и зборува за мајката Божја, за нејзиниот лик и дело, нејзината мисија пред и по раѓањето на Синот Божји како и нејзината мисија по неговата смрт. Ова е од големо значење за нашата православна црква затоа што ќе бидеме рамо до рамо со другите православни цркви - најави актерката Весна Бобевска, која е режисер на овој филм.
Во него настапуваат и Милица Стојанова, Ѓорги Бисерков Дампе. Премиера на филмот на Димитровска се случи пред две години на 17-то издание на рускиот меѓународен фестивал „Радонеш“ во Москва.
Tweet |