Петар Печков
Објавено: вторник, 08 март 2011
Наместо подароци за вработените и забава во ресторан за денот на жената 8-ми март, градоначалникот на Велес реши средствата да ги донира за жените корисници на помош од Центарот за социјални грижи. За десет жени тој одвои 30 илјади денари, кои ќе бидат доделени на самохрани мајки, жени жртви на семејно насилство, жени корисници на социјална помош, мајки на деца со посебни потреби.
Се надевам дека ова помош ќе им биде добредојдена, барем дореден период да не ги чувствуваат проблемите со кои се судруваат во нивниот живот. На овој начин сакам да го честитам меѓународниот ден на жената, посакувајќи и успех на личен и професионален план на сите велешанки и да не биде само еден нивен ден во годината. – изјави градоначалникот Горан Петров.
Tweet |