речник контакт

Франција не стравува дека велешките информатичари ќе фабрикуваат лажни вести во тамошна изборна кампања

Имаат ли младите од Македонија Европска иднина? Тимоние: Треба да направиме се за овие два поими, слободата на движење и безбедноста да не се cпротивставуваат

Петар Печков

Францускиот амбасадор во Македонија, не очекува дека велешките  информатичари ќе  фабрикуваат лажни вести во француската изборна кампања, како што тоа се случи за време на  американските претседателски избори.   Тој ги пофали младите велешани, кои преку  своите  портали   информираа  и печалеа преку про Трамп вестите.  

Велес е познат во целиот свет по своите информатичари.  Имам огромна доверба во информатичарите од Велес  но исто така имам огромна доверба кон француски граѓани коишто се надевам ќе знаат да оценат која е веродостојна  а која е неверодостојна информација  - изјави францускиот амбасадор Кристин Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање, дали стравува дека    про Трамп вестите можат да имаат своја епизода и во неговата земја.

Тој беше во посета на Велес и имаше трибина со младите велешани и нивните гости од збратимениот град Шербур – Нормандија.   Прашан дали овие млади од Македонија имаат иднина во Европа без граници, Тимоние рече: 

Во моментов има прашања кои се поставуваат во врска со безбедноста. Треба  да направиме се за овие два поими, слободата на движење и безбедноста  да не се  cротивставуваат. Тоа може да се постигне со соработка а не поставувајќи непотребни бариери. Посебно важно е да се укинат  бариерите за талентите – порача амбасадорот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »