Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2015
За неколку дена, на повеќе локации во Велес се отруени 40-тина домашни љубимци и бездомни животни. Едно од местата каде е фрлен отровот е во паркот од ОУ Васил Главинов, собиралиште на децата од околината. Токму поради ова, жестоки се реакциите на родителите, чии деца и ученици, го користат овој простор за игра и забава.
Просторот каде беше фрлен отровот е околу основно учлилитше, детски парк, каде има многу ученици.Тука си играат мали денца од маалото но и од училиштето, кое е најбројно во градот.Можете да замислите во каква опасност се тие деца, кога животнтеи умираа за кратко време од силниот отров. Не сакам ниту да помислам што би се случило ако некое од децата дојде во допир со отровот. Тие дури и ги спасуваа животните, им даваа вода доаѓаа во контакт со нив и незнам што ќе беше ако беше. Децата имаат и трауми, страшна е глетката како нивните миленичиња умираат пред нивни очи, во нивните раце - вели Анита Цветковска, родител на три деца, чии миленици настрадале во една од акциите за труење на животните.
Таа потсетува дека децата зеднички собирале пари да ги кастрираат, да ги вакцинираат бездомните животни, па дури на кучињата им купиле и ремен за шетање. Од Здружението ,,Гласот на животните,, апелираат дека ако некој сака да се ослободи од животните, ако им пречат, отровот не е решение. Додаваат дека сторителите нека помислат за децата коидоаѓаат во контакт со отров, што може да има фатални последици.
Последните денови имавма пет масовни труења во градот, каде беа усмртени повеќе од 40 кучиња и мачки, некои домашни миленици други бездомни животни. Најлошото е што отровот се фрла на јавни површини,каде деца си играат. Во градот не јасно кој треба да реагира, бидејќи сите се прогласуваат за ненадлежни. Посакувме да не дојде до најтрагично, да не настрада некое дете. И покрај нашите реакции до полициајта таа излезе замо еднаш на терен. Но не се земени примероци од кој отров е, бидејќи во аптеките тој се продава само со идентификација, така што може да се најде сторителот - изјави Магдалена Георгиева од Здружението ,,Гласот на животните,,.
Од велешката полиција потврдија дека имале повеќе телефонски повици и дека работат согласно законската регулатива.
Изминатите денови имаме неколку пријави за труење на домашни миленицки. Во сите слуачи е постапено согласно Законската регулатива и се утврдуваат причините за настаните појави - изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Tweet |