речник контакт

Футсал екипата на КМФ Велес тргна силовито во новото првенство иако ослабена

Ново реми за ФК Борец, овој пат во Гевгелија. ФК Вардар од Неготино во трета лига центар победува во Велес

Петар Печков

Силовит  старт на футсал екипата на Борец. Тие како  домаќини во првото коло со високи 8:0 ја совладаа екипата на Цико од Стојаково.  Иако ослабени , двајца велешани   го напуштија клубот, Игор Леовски- спортистот на Велес за 2016-та  замина  за екипата на Дубровник во Хрватска, Тале Трајков премина во голем фудбал,  сепак без многу напор КМФ Велес дојде до првата победа во првото  коло. 

Во дербито на Втората лига во Гевгелија се доигра без голови,   ФК Кожуф ФК Борец 0:0. По ова четврто коло  велешани се петти со 6 бода, една победа  и три нерешени, со скромна гол разлика од само 2:1 . Веќе утре, вторник на Градски ново дерби Борец 1919 го  пречекува  Тиквеш од  Кавадарци, кој е   втор со 9 бодови –три победи и еден пораз.  Средбата се игра со почеток од 15,30ч.  

Во трета лига Центар Вардар до Неготино  се гости во Велес. Откако пред две седмици во дербито го победи Превалец,  вчера ја победи и Бабуна со  2:0. И двата натпревари неготинци ги играа во Велес.     Превалец со високи 4:0 славеше  над Слога, додека Илинден БС загуби од 4:1 во Големо Коњари од истоимената екипа.    По четири кола и  слабиот старт со две последователни победи ФК Превалец се  качи на 6-тои место, ФК бабуна е осма и двете екипи со   по 6 бода и две победи, додека Илинден од Башино село е 12-ти од 14 екипи со три бода.  

Во следното петто коло, локално дерби во Башино село Илинден ја пречекува Бабуна а Превалец гостува   на соседот до табелата Младост кој е  петти со седум бодови.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »