Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 мај 2017
Одигрувајќи нерешено 3:3, со Шкупи во Чаир – Скопје, екипата на КМФ Велес е втора во футсал првенството. Во возбудлив и интересен натпревар, во кој првото полувреме го добија велешани, домаќините стигнаа до резултат кој им ја обезбеди титулата.
Настапувајќи без најдобрите Драган Петровиќ (побарал испосница да го напушти клубот) и Ферид Агуши (казнет поради исклучување), велешани беа рамноправен противник во преполната сала. На полувреме велешани водеа со 2:1 и им беше потребна победа за да бидат прваци.
Така Шкупи дојде до првата титула во историјата на клубот, која ја доби со три бода предност пред КМФ Велес. Овие два клуба во првенството одиграа три натпревари, два завршија нерешено а еден со победа на Шкупи. Можност за реванш велешани имаат веќе в сабота, во финалето од Купот, средба која се игра во Струмица.
Во неделата Велес,салата Гемиџии и Боречкиот клуб Борец беа домаќини на Државното првенство во борење слободен стил за сениори и кадети. Организаторот БК Борец освои четри медалји
Во категоријата до 85кг Кадир Камбери стана државен првак за кадети а над 85 кг второто и третото место го освоија Ангелче Јорданов и Давид Камчевски во оваа категорија победи Увејс Сејфулаху од Лирија Скопје. Кај сениорите во категоријата од 70 кг трето место освои Борче Нацев а првак е Ријад Реџепи – Лирија.
Кадетите на БК Борец севкупно на крајот беа трети. На првенството учествуваа 85 борачи во сениорска и кадетска конкуренција.
Tweet |