Петар Печков
Објавено: недела, 21 јули 2013
Сите гледаат само на цената на хотелската соба. Не може да се каже дека е конкурентна цена 20 евра за лежалка или чадор на ден, додека хотелска соба со полупансион е 60 евра. Во Турција гостинот воопшто не ја плаќа таа лежалка.
50 отсто поевтино седум дена во хотел на Зларина се до крајот на јули, во пола цени три ноќевања со полупансион во хотел со две ѕвезди во Раб, како и пет или седум полупансиони во хотел со 4 ѕвезди на Паг од 15 јули до 10 август... Акции од 10, 20, 30 отсто во многу хотели на Јадранот. Ова потсетува на октомври и ноември, а не на шпиц на сезона, т.е. на тие месеци на летото во чиј тек се бара соба повеќе. Многу акции кои овие денови можат да се најдат на пазарот и тоа за сместување во самиот шпиц на сезоната, потврдуваат дека овој туристички шпиц сепак не е добар како изминатите.
Општо гледано, туристичката година е тешка и слаба, ќе кажат тие кои се секојдневно на терен, па исто и слично може да се слушне од угостителите, изнајмувачите, хотелиерите... Туристи има се помалку, а тоа се гледа и по бројките во сообраќајот на граничните премини кој овој викенд беше послаб од истото време лани. Овие викенди беа со слаба посета на туристите па така според податоците на МВР во текот на саботите и неделите во Хрватска влегле околу 780.000 патници или дури 120.000 патници помалку од лани. Значи, се работи за половината на јули.
Туристичките работници уште порано укажуваа дека може да има проблеми во самиот шпиц на сезоната и дека голема улога ќе одигра ласт минут понудата што ете се покажува точна. Зборувајќи за состојбата на пазарот Марио Јантол претседател на Управата на Хотел Башка, укажа за тоа дека годината е тешка и за тоа доволно зборува тоа што практично сите хотелиери на Јадранот во полна сезона имаат ласт минут акции.
Конкретно кај нас е многу полошо од лани. Гледано на ден, наместо на ланските 90 отсто, знаеме да имаме пополнетост од 75 отсто. Според мене најголем проблем е што нема сигнал дека работите ќе се покренат, укажа овој хотелиер наведувајќи дека во башчанските хотели сепак не одеа на генерално намалување на цените. Исто така додаде дека хотелиерите се само една алка во ланецот, како и тоа дека е важна атрактивноста на целокупната дестинација како и нејзината конкурентност.
Често забораваме дека гостинот кој доаѓа во Хрватска мора да потроши 200 евра на автопатиштата, траекет, мостарина, паркинг. А, сите гледаат само на цената на хотелската собра. Не може да се каже дека цена од 20 евра за лежалка и чадор е конкурентна на ден, додека хотелска соба со полупансион е 60 евра. Поради тоа гостите и понатаму одат во Египет, Грција или Турција. Во Турција воопшто нема да ја плати таа лежалка, истакна Јантол.
И во агенциите укажуваат дека сезоната е полоша. Тами Соколиќ, претседател на Здружението на туристичките агенции ПГЖ, истакнува дека годината е таква каква што ја очекуваше и реалниот дел од комерцијалното туристичко стопанство. Ефектите се полоши од ланската година, рече тој наведувајќи дека туроператорските мрежи на пазарите кои квалитетно се обработени, добро функционираат, но дека недостасуваат индивудални гости.
Индивидуалците ги нема во очекуваниот број. Чекаат разни акции, рече Соколиќ и додаде дека има помалку Италијанци, што можеше да се очекува, нема гости и од францускиот и од швајцарскиот пазар, додека има од чешкиот, полскиот, словачкиот и австрискиот пазар. Германскиот е стабилен, но во одделот за промет кој оди преку големите туроператори. Зборувајќи за тоа со каква конкуренција се соочуваат хрватските туристички работници, укажа на поучни примери од медитеранските земји.
Мои колеги од ТУИ ми кажаа дека немале поголеми проблеми околу праќање на гости во Египет поради неодамнешните немири. Дневно испраќаат дури по шест авиони, во нивното летувалиште Шарм ел Шеик. Нашите конкурентски земји на Медитеранот реагираа на време и веќе во почетокот на март излегоа со конкурентни цени и тоа не само на хотелите, туку и на цели пакет аранжмани. Исто така, го имате примерот на Грција, која ги стимулира своите бродари кои имаат директни траектни линии од Трст и Венеција. Или пример на нашиот партнер кој лета од еден турски ресор во кој гостите за секој букинг добиваат ваучер од 50 долари за шопинг. Методите се различни, додека ние сме крути и државните институции не се вклучуваат во доволна мера, истака овој долгогодишен туристички работник, заклучувајќи дека сезоната навистина е пропуштена.
Претеран оптимизам нема ни кај изнајмувачите. Славица Гргуриќ претседателка на Здружението на изнајмувачи на островот Крк рече дека состојбата не е добра.
Колку што гледам, до сега беше послабо од лани, уште повеќе што сите очекуваа дека со влезот на Хрватска во ЕУ ќе има повеќе гости. На плажите има места и тоа многу – рече оваа изнајмувачка наведувајќи и дека изнајмувањето на црно на легалните изнајмувачи им ги урива цените.
Оливер Филипас, претседател на Здружението на изнајмувачи на Црес и член на Туристичкиот совет, рече дека јуни и јули биле во плус што се однесува до бројот на ноќевањата. Меѓутоа, гостите во апартманите и собите не одат многу во угостителските објекти туку остануваат дома.
Веројатно поради тоа, тоа зголемување на ноќевањата не се почувствува толку многу. До пред десет дена, при прошетка низ градот можеше да се видат празни кафулиња и ресторани. Сега состојбата е сепак подобра, рече овој изнајмувач додавајќи дека податоците се подобри, но дека треба да се има на ум и растот на капацитетот во семејното сместување.
Инаку интересен е податокот на Хрватскиот завод за вработување, за тоа дека овие денови на берзата се околу 100.000 невработени повеќе од 2008 година. Од друга страна, нонсенс е дека хотелиерите мораат сезонците да ги тераат на плажа бидејќи според законот не можат да работат повеќе од дозволениот фонд на часови, па макар и тие три месеца да сакаат нешто да заработат плус, за да го преживеат остатокот од годината.
текстот е преземен од Нови лист - Истра
Tweet |