Петар Печков
Објавено: петок, 04 март 2011
Учениците од населба Чашка и селото Мелница од ОУ Тодор Јанев, со штанд во Младинскиот парк, со хуманитарна акција со цел да се помогне на Надица Трајковска. Нејзе и се потребни пари за операција на видот, откако падна од 20-тина метри висока зграда, преживеа но го изгуби видот.
Одлучивме со оваа хумантирана акција, да собереме пари и да и помогнеме на Надица, таа пвторно таа да прогледа и да расте како сите деца на светот. Водено сакаме да ја развиеме и хуманоста кај соучениците - изјави Медина Исмаиловска од Мелница.
Учениците од Чашка и Мелница, ликовната секција и еко -клубот учествуваа во создавањето на бројните предмети кои се нудеа на продажба на велешани. Честитки за 8-ми март, цвеќе, плетени изработки беа дел од производите кои се продаваа а велешани во голем број ги купуваа.
Tweet |