речник контакт

Хуманост на дело, секој трет крводарител во велешко е невработен, ученик или студент

Даруваат крв а немаат материјална добивка, хуманост без граници. 17 март ден на крводарителството

Петар Печков

Најмногу крв  на територијата на ОО на Црвен крст Велес дарувале невработени и тоа 737 лица  што е 18,2% , па 378 ученици -9,3%  и 298 студенти или  7,4 %, од вкупно собраните 4.044.  Ова се податоци за општините Велес, Чашка и Градско. Или секој трет крводарител дарувал крв а немал никаква материјална добивка, не добил денови за отсуство или друг надомест.  Ова говори за хуманоста на крводарителите , на луѓето без кој светот би бил различен.  Примерите на соговорниците најдобро го илустрираат ова.

Започнав да дарувам крв 1989, во Свилара. И од тогаш не сум престанала. Иако сега сум невработена, домаќинка секогаш кога имам можност дарувам крв.  Не ми треба никаква привилегија, важно е јас да дадам крв – рече Весна Петрушевска која 75 пати дарувал крв. Таа е единствена во семејството која е дарител.

Секој кој може треба да дава крв. Тоа е хуманост да спасиш живот. Кога ќе  почнеш да даруваш стануваш ,,зависник,, и натаму тоа не престанува. Јас дадов сто пати  и прекинувам, ама оставам на синот и  ќерката да продолжат тие се крводарители исто така.  Почнав да дава кв на акција  ,,Плачковица,, 1977, пои четири пати годишно не престанав.  Само правата кои ги имавме ги намалија. Скршив нога пред две години и  кога во физикална за магнетна резонанса морав илјадарка да платам. А тоа за нас крводарителите не било, секогаш сме биле ослободени – вели   Томе Андов.  

Тој иако  е  невработен последните шест години,   продолжил да дарува крв.

Започнав да дарувам крв во војска 1981-ва, рекоа имаше потреба. Така започнав и трае до денес. Во семејството со сопругата заедно сме крводарители, таа има дадено 40-тина пати -  Ѓорги Митов вработен во Фабриката  за шински возила Колска.

Прв  пат дарував крв кога служев војска 1981-ва. Може да дарува тој што е здрав, прав. Продолжувам се до понатаму се додека можам.  Да помогнеш на човек, да му подариш крв е најубавото чувство – рече  Николче Цековски на 54 годишна возраст, вработен во Жито Ване. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »