речник контакт

Црквата Св. Кирил и Методиј ќе биде осветена годинава

Храмот е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид

Петар Печков

Храмот Св. Кирил и Методиј ќе биде осветен годинава, најави владиката Агатангел.  Откако одамна завршија градежните работи, кои ги изведуваше фирмата ,,Изгрев инжинеринг,, од Велес, есента завршило и живописувањето на внатрешноста, така што  остануваат уште некои активности за таа да биде целосно готова, по што ќе следи и осветувањето.

Од Повардарската епархија на МПЦ – ОА не соопштуваат датум кога ќе се случи овој чин, но  велат дека секако ќе биде годинава. ТрМр го праша Митрополитот  Повардарски, Агатангел дали оваа година, 2017-та ќе се изврши осветување.

Да, со Божја помош  во ова јубилејна година  на МПЦ, 50 години од возобновуањето на  укинатата Охридска  Архиепископија,  и по повод на овој голем јубилеј 50 години од автокефалноста на   МПЦ,  во еден период од годината ќе ја осветиме новоизградената црква Св. Кирил и Методиј. Лани е завршен фрескоживописот, треба да се постави иконостасот да се монтира до  крајот на март,  да се постават иконите, полилеите се поставени – изјави Владиката Агатангел.  

Храмот почна да се гради на први јуни  2006-та.  Црквата ќе служи само за венчавки, крштевања, не и за погреби.  Таа е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Налик е на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта- струшко. Св. Кирил и Методиј  има 500 метри квадратни површина. Во приземјето има и крстилница, која ќе служи за крштевки. 

Изградена е  во византиски стил, еднобродна со кршен камен, со камбанарија висока 25 м.  чии  ѕвона беа излиени во  Грасмаер Виена Австрија, која работи од 16-тиот век.  Камбанаријата има 13 ѕвона, пет големи и осум мали.  Системот на ѕвонење е електронски. Ѕвоната  меѓу другото можат да ја свират химната на Македонија и на Велес. 

Црквата се наоѓа во центарот на градот до Младинскиот парк и се  изгради со средства од МПЦ, донатори и верници. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »