речник контакт

Четворица велешки доктори на листата на најдобри сто за месец мај

Игнова,Јовановска, Леов и Смилевска се наградени изминатиот месец

Петар Печков

Откако повеќе месеци по ред на листата од сто  најдобри доктори  во Македонија, беа по тројца од велешката болница, за минатиот месец мај, се четворица.  Министерството за здравство ја  објави на Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец мај  годинава,  

Изминатиот месец наградени од Општата Болнциа Велес  се:  д-р Дона Игнова психијатар, д-р Љупчо Леов хирург ортопед, д-р Мирјана Смилевска оториноларинголиг и д-р Нада Јовановска физијатар. 

Како награда докторите  добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Со имплементација на овој проект се валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи. Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин - велат од Минситерството за здравство. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »