речник контакт

Четворица матуранти натепале тројца полицајци

Втор инцидент за еден месец, полицајци натепани за време на вршење служба

Петар Печков

Во понеделникот ноќта  пијани  матуранти нападнале и натепале тројца полицајци. Според соседите настанот се случил во Трговскиот центар во Нова Населба каде во простор кој се изнајмува за забави, група до 20-тина млади славеле  матурска прослава. После полноќ поради гласната музика и пеењето на глас, соседите од блиската зграда повикале полиција. Таа набргу дошла    и ги предупредила гостите дека го нарушуваат јавниот ред и мир. Но наместо да ја запрат музиката  тие ги нападнале полицајците .

Велешката полиција го потврди инцидентот и поднесе кривична пријава против A.K (19), С.Л (23) Н.Л(19), Ж.З (19) и С.М (18) сите од Велес ,  поради основи за сомнение дека сториле две кривични дела „напад над службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и “насилство”.  Тие биле  на приватна забава  во објект во ГТЦ во Велес,  а  околу 40 минути по полноќ  од страна на станарите во околните згради е пријавена гласна музика, при што на лице место е испратена групата за интервенција.

По упатената наредба да ја намалат музиката полицајците  биле нападнати од пријавените при што повреди се здобиле тројца службеници. Заради доведување во ред на матурантите тие  биле  приведени во Полициска станица  Велес. Пред  еден месец на Градскиот пазар препродавач  заедно со неговото семејство нападна и натепа полицаец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »