речник контакт

Четврток 23 мај првото авио прскање против комарци

Ќе се прска во терминот од 5 до 6,30 часот

Петар Печков

Првото авионско третирање против комарци ќе се изврши 23 мај (четврток) 2019 год. во периодот од  5 до 6,30 часот, информираат од Општина Велес. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 24 мај (петок) 2019 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село  Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »