Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2015
Попладнево околу 15 часот во реката Вардар, во месноста Пресвета е пронајден женски труп. Телото е пронајдено кај бавчите на Јулика.
Од полиција информираа дека жената е идентификувана како Славка Т. на 85 год. возраст од Велес. Телото по наредба на јавен обвинител е предадено на фамилијата.
Денес околу 14,20 часот очевидци тврдат дека жена скокнала во Вардар кај Мало мовче. Петокот исто така жена скокна во Вардар кај ракометното игралиште во Градски парк. Ова тело се уште не е пронајдено.
Tweet |