Петар Печков
Објавено: среда, 18 март 2015
Шестмина жители од три велешки села, кои гравитираат кон Овче Поле се заразени од туларемија. Според Центарот за Јавно здравје до Велес, го покрива овој регион, болеста е регистрирана во општина Лозово и тоа 4 лица во село во Каратманово и по еден во Лозово и во Ќоселери. Жителите стравуваат дека бројката е повисока од официјалната.
Мене три месеци ме лекуваа од се, само не од туларемија, иако на вратот имав израсток како тртка на вратот. Дури и го сечеа а никој од докторите да се сети дека сум заболен од туларемија. Дури во понеделникот во Скопје во инфективна потврдија дека ја имам оваа болест. Знам дека не пијам вода од бунарите. Мислам дека се заразив додека го обработував тутунот. Таму имаше глувци - вели соговорникот од село Каратманово.
Тој тврди дека вакви случаи како него има уште неколку а повеќето жители на селото се сложуваат дека бројката од четири заразени е далеку повисока. Заради спречување на ширењето на болеста, во селата каде има регистрирано случаи Центарот за Јавно здравје презел повеќе активности, нивна екипа била на терен, направена епидемиолошка анкета и преземени сите мерки за заштита
Извршена е дератизација на училиштата во Каратманово о Лозово и дератизација на домовите и дворовите на заразените. Земена е вода од селските чешми и од локалниот водовод. Констатиравме дека водата е исправна, таа не е причина за заразата. Според знаците и според епидемиолошките анкети заболувањето е од заболени глувци, со нивните фекалии лицата дошле во допир. Не се каснати од глувци, или е од прашина каде престојувале заболени глувци. Зајаците што ги чуваат дома не се причина, тие се домашни а туларемија може да а се пренесе само од диви зајаци. Преземаме засилени мерки на заштита. Нема место за паника и страв а населението да обрне внимание на хигиената - реч д-р Флорентина Шурбевска Ристовска директорка на Центарот за јавно здравје во Велес.
Таа информираше дека оваа болест долги години ја немало во велешко. Препорача термичка обработка на пченката, пченицата која е складирана на отворено како и да се минимизира можноста на пристап на глувците до храна.
Tweet |