Петар Печков
Објавено: недела, 20 ноември 2011
Питијадата имаше и забавен дел каде бројни натпреварувачи учествуваа во брзо јадење на пита и брзо пиење на вино. Александар Ристов му требаше 30 секунди да го испие шишето од 0,7 литри бело вино а на Боби Саздов четири минути за да изеде една цела пита пастрмалија, иако утрото за појадок изел исто така една пита.
Манифестацијата ја посети и францускиот амбасадор Шлумберже со неговите пријатели и тие вкусија од велешкото вино.
На ,,питијадата,, имаше и касички од Црвениот крст, каде можеше да се остави доброволен прилог.
Tweet |